СМЕНЕТ РЕЖИМОТ НА СООБРАЌАЈ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ ВО КОЧАНИ

декември 17, 2025
0 минути

Започна да се применува новото сообраќајно решение во централното градско подрачје на Кочани.

„Од новото сообраќајно решение очекуваме подобрување на движењето во Кочани, подобра циркулација, побрз проток и побезбеден пристап. Сообраќајното решение не е комплицирано, од овде, од кружниот тек кај Полициската станица по улицата во насока од југ кон север по „Кеј на револуција“ до Градскиот плоштад сообраќајот ќе се одвива во една насока, од другата страна на реката по улицата „Маршал Тито“ сообраќајот исто така ќе се одвива во една насока, од Плоштадот кон Двојниот мост или ако сакате од север кон југ. Ова сообраќајно решение не е од вчера, овој проект се работи неколку години и во него учествуваа многу стручни лица, експерти во оваа област, граѓански здруженија, многу други консултантски бироа. Очекуваме да го добиеме посакуваниот ефект и барам од граѓаните соработка со службите, со институциите, барам трпение и се надевам на многу подобро регулирање на сообраќајот во Кочани“  соопшти градоначалникот Владко Грозданов, на самиот старт од примената на новиот сообраќаен режим.

Наредниве денови ќе се работи на комплетирање на вертикалната и хоризонталната сообраќајната сигнализација, а сообраќајот ќе се одвива со поддршка од Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата – Кочани.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ