Неспособноста на менаџерскиот тим на КЈП „Водовод“ од Кочани заедно со Градоначалникот на Општина Кочани и годинава им го скратија задоволството на нивните сограѓани да се разладуваат во базенот.
Граѓаните се револтирани и гневни бидејќи за да отидат нивните деца а и самите тие до соседните општини: Виница, Пробиштип па некои и во Делчево сето тоа чини пари а парите се помалку ги има.

Во време на Југославија пред четири децении кога споменатите општини сонуваат за ваков капитален објект во Кочани се изгради „Олимписки базен“, кој во 1989 година по згаснувањето на самоуправните интересни заедници беше даден како подарок на КЈП „Водовод“ – Кочани.

Базенот како-така работеше и преку дење а имаше и ноќно капење на задоволство на жителите од „градот на оризот“.
Додека во КЈП „Водовод“ работеа способни луѓе кои знаеја како се менаџера со базенот се беше во ред, но откако тие заминаа во пензија објектот е оставен на милост и немилост.

Сезнајковците ќе речат дека проблемот е ваков или онаков, проблемот е заеднички, односно тој е резултат на неспособноста како на надлежните во комуналното претпријатие, така и кај оние во опшиената.

И се додека непроверени партиски луѓе се ставаат на функции жителите на Кочани и околината ќе трпат и ќе бараат алтернативи по другите општини каде не малку пари ќе оставаат.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
