Наш сограѓанин ни испрати фотографија од Општа болница со проширена дејност – Кочани каде на иновативен начин се предупредуваат минувачите и возачите.
Како што се гледа на фотографијата тоа е една од шахтите на кој некој си го „позајмил“ капакот па за да не дојде до некоја несакана последица друг се сетил и поставил гранки во отворот.
Надлежните треба час поскоро да интервенираат и да ја затворат шахтата со капак бидејќи навистина. во ноќните часови кога видливоста е сведена на минимум може некој да настрада.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
