Поради дефект на главна водоводна линија на улица “Роза Петрова” е извршен прекоп на улицата и истиот е саниран.
Поради сериозноста на дефектот и негово проширување кон другиот крај на улицата, извршено е пренасочување на сообраќајот во соработка со МВР и Општина Кочани, поради тоа апелираме до сите учесниците во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да бидат особено внимателни на овој патен правец.
Пренасочувањето ќе се одвива во текот на денешниот ден и текот на вечерта.
КЈП „Водовод“ – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ