НАЈНОВА ВЕСТ: ИСЧЕЗНАТОТО ЛИЦЕ Е ПРОНАЈДЕНО И СПАСЕНО

мај 3, 2024
0 минути

Само што добивме пријатни вести, исчезнатото лице кое беше пријавено преку телефонскиот број 112 е пронајдено.

Потрагата што беше организирана од страна на членови на ДПСС (Доброволната Планинска Спасителска Служба)  „Осогово“ – Кочани успешно е завршена

Лицето е пронајдено околу 23:00 часот во близина на браната кај Зрновци. Изморено уплашено и мокро од дождот лежело во близина на браната. Како што им рекол на пронаоѓачите поради надојдената вода реката не можел да ја помине, назад не можел да се врати поради густата вегетација и едноставно се загубил.

Веднаш по пронаоѓањето бил преоблечен во сува облека, добил прва помош на самото место и во тек е негово симнување во Зрновци каде ги очекува екипа на брза помош.

Дознаваме дека се работи за лице по име Мите жител на село Грдовци, на старост од шеесет и пет години, а причините за неговото исчезнување уште се непознати.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ