СЕДНИЦА НА ИСТОЧНО ПЛАНСКИОТ РЕГИОН

декември 19, 2025
1 минути

Денеска во Штип, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов присуствуваше на 2. седница на Советот за развој на Источниот Плански Регион. Во присуство на министерот за локална самоуправа Златко Перински, беа разгледани тековни и идни активности поврзани со надлежностите за имплементација на политиките за рамномерен регионален развој.

Во Штип се одржа и првата прес-конференција на проектот „Интегриран развој на препознатлив културен и близок до природата туризам во Источниот Плански Регион и Регион Благоевград“, со што формално беше означен почетокот на уште една значајна прекугранична иницијатива.

Проектот се имплементира преку ИПА 3 програмата, во рамките на приоритет 3: Интегриран развој на прекуграничниот регион, и има за цел да придонесе за одржлив развој на туризмот преку поврзување на културното наследство и природните ресурси на двата региона.

Општина  Кочани\

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ