ПЕНЗИОНЕРИТЕ НА ПРОТЕСТ НА 6-ТИ СЕПТЕМВРИ, ВО ГРАДСКИОТ ПАРК

септември 5, 2023
1 минути

Членовите на Иницијативниот одбор на пензионерите кои протестираат и бараат линеарно зголемување на пензиите и утврдување минимална пензија, денеска одржаа состанок на кој беа

информирани за средбата на претставниците на ИО од општините во државата, која се одржа во Велес и договорените активности, се до генералниот протест на 20 септември во Скопје.

На состанокот беше договорено во Кочани да се одржи уште еден протест, и тоа на 6-ти септември, среда, во градскиот парк во 18 часот. На истиот ќе се споделат информации за тековните активности кои се преземаат од сите засегнати страни.

Покрај тоа, договорено е членовите на Иницијативниот одбор да ги преземе неопходните мерки за што подобра организација и масовно присуство на генералниот протест во Скопје, закажан за 20 септември, во 11 часот, пред Владата на Република Македонија. Тоа значи обезбедување автобуски превоз, правење списоци на пензионери кои ќе учествуваат на протестот, и други организациски активности.

ИО „Здружение на пензионери“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ