Вработените во ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани и годинава во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници се погрижија пред своите роднини и пријатели како и пред останатото население да се престават во најубаво светло
По тој повод на нивната програма се најдоа две забавни дружења во изведба на најмалите и најмилите од ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани.
Во Петок со почеток во 11:30 часот под мотото „Заедно да се дружиме, пееме и забавуваме“ ќе го имаат својот настап во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани, а во
Недела со почеток во 12:00 часот на истото место, „Паркот на Револуцијата“ закажуваат дружење под мотото „„Среќни божиќни празници“

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
