ОД АКТИВНОСТИТЕ НА ИЗВИДНИЧКИОТ ОДРЕД „ЛАСТОВИЦА“

јануари 16, 2022
1 минути

Извидничкиот одред „ЛАСТОВИЦА“ од Кочани зеде учество во Форум за ровери кој се оддржа во Сутоморе, Црна Гора во организација на SCOUTS – MONTENEGRO, со свои два претставника од оваа категорија со над 18 години, Раде Василков и Љупка Јорданова.

На овој форум  учествуваа вкупно 18 претставника од Македонија од сите одреди. Настанот имаше за цел да овозможи вмрежување на младите од регионот, да создаде простор за размена на добри практики и знаења поврзани со програмата, активностите и работата на различните сојузи. Оваа година, темата на настанот беше „Комуникација, имиџ на организација и односи со јавност“. Роверите имаа  можност да учествуваат на предавања од врвни експерти од оваа област.

ИО„ Ластовица“  и оваа година ја продолжи својата традиција за организирање на  Зимски камп на Осогово.

Кампот траеше  четири дена од 12 -15 Јануари и во него зедоа учество три категории на извидници (развигорци, извидници и истражувачи),  од кои најбројни беа развигорците. Извидниците беа сместени кај „Мице“, а активностите ги водеа  извидниците – истражувачи Ана Јорданова и Моника Јакимова. Покрај многубројните извиднички вештини и активности на отворено, оваа година развигорците имаа обука за скијање за што послужи и прекрасното сончево време и снежните патеки.

Зимскиот камп се заокружи со извиднички хајк и прогласувањето на бодови и победници на патролите . Се надеваме дека оваа прекрасна традиција ќе продолжи и понатаму.

ИО„ Ластовица“