НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“

декември 25, 2021
1 минути

ООМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани и Општина Кочани и годинава ќе ја сочуваат традицијата.

Ги покануваат граѓаните на Општина Кочани и пошироко да го проследат годинешниот „Новогодишен концерт“.

Концертот ќе се одржи во сала, но без присуство на публика а истиот ќе може да се проследи преку фејсбук страната на ОМУ „Ристо Јуруков“ (OOMURISTOJURUKOV).

Концертот е закажан за 28.12.2021 година со почеток во 18:00 часот.

С. Ивановски