АЈДЕ КОЧАНЧАНИ, ОХРАБРЕТЕ СЕ, ВРЕМЕ Е ЗА ГОЛЕМ ПРОТЕСТ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО ОД „ПЕЈПАР МИЛ“

март 4, 2022
0 минути

Сите рокови поминаа, оџакот на фабриката „Пејпар мил“ до вчера чадеше безмилосно. Време е за масовниот протест.

Ајде Кочанчани охрабрете се и излезете утре (Сабота) во 12:05 и наместо преку ФБ, јавно со своето присуство да им кажеме на сопствениците на фабриката, ДОСТА  Е.

Најавата дека „Пејпар мил“ од 03. Март па се до крајот на месецот го запрел производството поради некакво реновирање на електрониката во машинскиот дел и воведување ба современа технологија, не држат, тоа е по се изгледа уште еден обид да се замајува јавноста и да се одврати народот од протестот.

Од минатите протести до сега сопствениците на компанијата имаа доволно време сето тоа да го направат, но зошто чекаа тоа да го објавата на два дена пред најавениот голем протест само тие си знаат.

За потсетување, никој од учесниците на протестите не е за затворање на фабриката и вработените да останат на улица, туку  протестот има за цел да ги натера сопствениците на компанијата конечно да ги отстранат сите недостатоци поради кои се загадува и воздухот, и водата, а и почвата.

Затоа утре во што помасовен број да излеземе и да кажеме НЕ за загадувањето на воздухот и на водите а преку тоа и на почвата.

Време е за масовниот протест.

С. Ивановски