УЧИЛИШТАТА ОД КОЧАНИ ПРИРЕДИЈА ЗАБАВА ЗА НАЈМЛАДИТЕ

декември 29, 2025
0 минути

Во Градскиот парк во Кочани, ученици од кочанските основни и средни училишта приредија весела и креативна забава за најмладите сограѓани.

Со музика, игри, танц и пригодна програма, учениците создадоа радосна атмосфера и измамија насмевки на лицата на сите присутни. Настанот беше исполнет со детска енергија, дружење и празничен дух, претворајќи го паркот во вистинско место на радост и заедништво.

Со ваквите активности, кочанските училишта ја потврдуваат својата посветеност кон негувањето на хуманите вредности, креативноста и грижата за најмладите во заедницата.

Програмата за најмладите завршува во вторник,  со настапот на омилените Биби и Боби, на истата локација, во Градскиот парк во Кочани, со почеток во 12 ч.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ