Поради високиот водостој, реката Масалница во атарот на Оризари повторно е надојдена. Екипи со севкупната расположлива механизација, интензивно работат на терен со цел соодветно да се канализира речното корито и да се спречат можни штети предизвикани од поплави.
Активностите се насочени кон стабилизирање на текот на реката и заштита на околното земјоделско земјиште и на инфраструктурата на потегот од Грдовци кон Оризари. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и се подготвени за дополнителни интервенции доколку има потреба.

– Со ангажирање на целокупната механизација и координација на службите, преземаме сè што е во наша надлежност за да спречиме поголеми последици од надојдената Оризарска Река – изјави Владко Грозданов, градоначалник на Општина Кочани,
Општина Кочани апелира до граѓаните да бидат внимателни и да ги почитуваат препораките на надлежните институции.

Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
