ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ХРАМОТ „СВ. ВМЧ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ“ – КОЧАНИ

јануари 16, 2026
1 минути

Почитувани Верници

По долговековна традиција на Ден Богојавление ( 19.01.2026 – Водици ) во Храмот Св. Георгиј се одржува наддавање на Светиот Крст и одредени Икони.

Средствата кои се собираат од тој ден оваа година ке бидат искористени за довршување на Храмот Преображение кој се наоѓа кај Атомските згради, за да оваа година биде осветен и во Слава на Бога пуштен во употреба .

Затоа да бидеме сплотени и да присуствуваме на овој традиционален чин кој е во нашава вера со децении наназад. Наддавањето ќе започне после Светата Литургија 10:15 часот.

По завршувањето на хаддавањето заедно со литија ќе се упатиме кон мостот кај Градскиот парк каде традиционално и свечено ке се потопи Чесниот Крст.

Сите сте добредојдени.

Од настојателството при

Храмот Св. Георгиј Кочани .

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ