Со техничка организација на БК „Балканец“ од Штип а со поддршка на Боречката Федерација на Македонија денес во Штип во салата на ООУ „Тошо Арсов“ се одржа Државното првенство во борење У-20
На првенството БК „Спартак“ од Кочани настапи со три борачи од кои еден го освои сребрениот медал, другиот се пласира на петтото место а еден натпреварувач остана без пласман.
Филип Ангелов иако беше најмлад натпреварувач сепак со еден импресивен настап во категоријата до 86 килограми го освои сребрениот медал.
Борис Митревски во категоријата до 86 килограми се пласира на петтото место додека Илиев остана без пласман.
Тренери на екипата беа Зоран Сребренов и Илчо Веселинов а Гоце Ангелов и Игор Христов како претставници од Кочани ја делеа правдата на душекот.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
