Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и министерот за здравство Азир Алиу одржаа прес-конференција на која ги соопштија активностите за уредување на дворната површина и кругот на Општата болница – Кочани.
Градоначалникот Грозданов истакна дека целта е Општата болница во Кочани да добие нов и поуреден изглед, со подобрена функционалност за пациентите, вработените и возилата.

„Во соработка со КЈП „Водовод“ се реализира расчистување на обраснатата вегетација со цел да се уредат зелени површини и да се отвори простор за нови места за паркирање на три локации во болничкиот круг. Со овие активности ќе се овозможи подобар пристап до болницата, особено за возилата на Итната медицинска помош“ истакна Грозданов.

Тој додаде дека е целосно поправено и јавното осветлување во кругот на болницата, кое подолг период било нефункционално.
Министерот за здравство Азир Алиу ги поздрави видливите резултати од зафатот што го иницира и реализира градоначалникот Грозданов за подобрување на надворешниот изглед на болницата.

„Инфраструктурата е еден од трите главни столба за враќање на довербата на граѓаните во здравствениот систем“ нагласи Алиу.ж

Директорката на Општата болница, Катерина Паниќ Мирчовска, информираше дека активностите ќе се реализираат етапно, а граѓаните ќе бидат навремено известувани за текот на работите, со цел да се избегне сообраќајниот неред.

Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
