Сабота 14:30 часот, термин за почеток на натпреварите од 20-тото коло во Втора Фудбалска Лига.
По трите последователни победи во пролетниот дел од првенството со три пости=гнати гола и ниту еден примен „жетварите“ беа сопрени во Скопје, каде истоимениот тим славеше.
Утре, „жолто-сините“ се пред нов предизвик, ја пречекуваат последно пласираната екипа на „Големо Коњари“. Иако домаќините важат за големи фаворити сепак треба да се влезе претпазливо во натпреварот бидејќи секое потценување на противникот досега се покажа дека може на фаворитот да му се одбие од глава.
Затоа и играчите на „Осогово“ се свесни дека само со внимателна игра и концентрација за време на целиот натпревар може да се дојде до посакуваната цел, победа.
Двојки од 20-тото коло:
Осогово – Големо Коњари
Тетекс – Новаци
Брегалница – Каменица Саса
Вардар (Н) – Преспа
Кожуф – Охрид
Победа – Скопје
Шкендија (А) – Детонит Плачковица
Беласица – Слога 1934
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
