Во рамките на 20-тото коло од Втората Фудбалска Лига на стадионот „Никола мантов“ во Кочани по сончево но мошне пријатно време за игра играчите на тренерот Крсте Крстев забележаа тешка но мошне значајна победа.
Совладана е последнопласираната екипа на Големо Коњаре со резултат 2:0 (1:0) со головите на Дамјан Стојковски во 17’ и Филип Димоски во 82’.

Во пресрет на натпреварот со одлука на Советот на Општина Кочани на централниот дел на западната трибина беа поставени бистите на Аце и Томас долгогодишни членови на бавивачката група „Сејмени“.
Инаку самиот натпревар започна со задоцнување повеќе од половина час а причините како што дознавме се од административна природа.

И двете екипи натпреварот го започнаа претпазливо но со иницијатива на „жолто-сините“. По неколкуте безуспешни нафрлувања во госинскиот шеснаесетник во 17’ „жетварите“ поведоа. По нафрлената топка од корнер од десната страна најпрвин со глава биеше паунов но топката се одби до осамениот Дамјан Стојковски кој со удар од 5-6 метри ја закова топката под самата пречка на немоќниот Христијан Сркески.
По примениот погодок гостите се подотворија и во 32’ ја имаа најубавата шанса на натпреварот но ударот на еден нивни напаѓач ја заниша пречката на домаќините.

Вториот дел домаќините го започнаа претпазливо. Ја држеа топката во своите нозе и од сигурни акции атакуваа кон гостинскиот гол. Во 63’ ја погодија стативата а конечниот резултат го поставија во 82’ кога по едно нафрлување од десната страна гостинската одбрана не реагираше најдобро па Филип Димоски од само неколку метри биеше под пречката.
Се на се натпревар кој бргу ќе се заборави, но најважно од се е што бодовите останаа во Кочани.

Реаултати од 20-тото коло:
Осогово – Големо Коњари 2:0
Тетекс – Новаци 2:1
Брегалница – Каменица Саса 3:1
Вардар (Н) – Преспа 2:1
Кожуф – Охрид 0:1
Победа – Скопје 0:5
Шкендија (А) – Детонит Плачковица 1:0
Беласица – Слога 1934 3:0
Во следното 21-во коло „Осогово“ му гостува на „Детонит Плачковица“
.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
