ИЛИНДЕНСКИ СПОРТСКИ ИГРИ „ЧЕШИНОВО 2022“, ЕКИПАТА НА „СОКОЛАРЦИ“ ПОБЕДНИК НА 50. ИЗДАНИЕ

Во Спорт
август 2, 2022
1 минути

Со одигрување на финалниот натпревар  „Соколарци“ – „Академија Чешиново-Облешево“ се спушти завесата на годинешното 50, јубилејно издание на Илинденските спортски Игри – „Чешиново 2022“.

Вечерва на игралиштето во Чешиново љубителите на фудбалот од повеќето населени места во регионот имаа можност да го проследат еден од најдобрите и највозбудливите финални натпревари.

Уште од првиот свиреж на судијата Тоше Џамов играчите на „Соколарци“ тргнаа во фуриозни напади се со цел да го откријат резултатот. По двете стативи и неколку одбрани на голманот на Академците Заов екипата на „Соколарци“ поведе а стрелец на голот беше Мартин Андонов. Но како тоа да не беше доволно за апетитите на играчите на „Соколарци“ па нападите продолжија. И тогаш љубителите на фудбалот кој ги имаше околу 1.500 го видоа најдобриот момент на натпреварот. Марио Анастасовски упати удар од голема далечина а топката заврши под пречката за водство од 2:0, резултат со кој се отиде на одмор.

И кога многумина помислија дека натпреварот е решен во второто полувреме друга „песна“. „Академците“ немајќи што да изгубат почнаа се почесто да напаѓаат па преку најдобриот нивен играч Марио Благојевски постигнаа два прекрасни погодока и го израмнија резултатот. Во 74’ можеше да дојде до комплетен пресврт но ударот на Благојевски заврши во пречката по што следуваше казната. „Соколарци“ во последните три минути постигна два погодока преку Тоше Манов и Андреј Коцевски и го освоија шампионскиот пехар.

По завршувањето на финалето беа прогласени најуспешните.

За најдобар играч беше прогласен Марио Благојевски, а за најдобар стрелец Марио Анастасовски. Пехари им беа доделени и на капитените на второпласираната и првопласираната екипа.

Наградите и признанијата им ги врачи Градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево Далибор Ангелов.

С. Ивановски