М-16 КОШАРКАРСКА ЛИГА – КОЧАНЧАНИ ДАЛЕКУ ПОДОБРИ ОД ГОСТИТЕ ОД ТЕТОВО

Во Спорт
април 20, 2022
1 минути

„БАСКЕТ  ДИНО  ДЕЛИКАТЕС“  –  „ТЕТОВА  БУЛС“  99:60

(22:14;  31:18;  26:13;  20:15)

Сигурна победа од 39 кошеви разлика остварија кошаркарите на „Баскет Дино деликатес“ во М-16 Кошаркарската лига на Македонија.

Самиот почеток на натпреварот покажа дека вечерва кочанските кошаркари ќе немаат силен противник па резултатот од четвртина во четвртина само се зголемуваше што на крајот резултираше со голема разлика.

Кошевите за „Баскет Дино Деликатес“ ги постигнаа: Лазарев 33, Д.Крстов 27, Глигоров 11, Трајчов 6, Манев 5, Георгиев 5, Златков 5, Јангелов 5, М.Крстов 2.

Со оваа победа кошаркарите од Кочани моментно се на второто место на табелата.

С. Ивановски