„ЉУБОТЕН“ ИМ БРОЕШЕ НА КОЧАНЧАНКИ ДО 16

Во Спорт
март 22, 2026
1 минути

Се одиграа натпреварите од 19-тото, прво коло од третиот круг во Првата Фудбалска Лига за жени. Сите пет екипи како домаќини дојдоа до победи притоа не дозволувајќи им на гостинките нитуеден погодок да постигнат. Гол разликата е 39:0.

Девојчињата на „Кочани“ гостуваа на минатогодишниот шампион на македонија „Љуботен“ и доживеаја вистинска катастрофа. Тетовчанки на „Кочани“ му броеше до 16.

Првопласираната екипа на „Скопје“ без поголеми напори славаше на домашен терен исто како и екипите на „Тиверија Брера“ и „каменица Саса. И екипата на “Истатов“ прокнижи нови три бода на домашен терен против „Речица“.

Резултати од 19-тото коло:

Љуботен – Кочани  16:0

Истатов – Речица  1:0

Тиверија Брера – Вардар  7:0

Каменица Саса – Топ Гол  7:0

Скопје – Ас Јунајтед  8:0

Води екипата на Скопје со 54 бода и речиси ја обезбеди титулата бидејќи нејзините главни конкуренти Тиверија Брера, Истатов и Љуботен заостануваат 15, 16 и 17 бодови.

Екипата на Кочани е на 9-тото претпоследно место со 7 бодови, три повеќе од последнопласираниот Топ Гол со 4.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ