КОЧАНИ БЕШЕ ДОМАЌИН НА „WEEKEND CAMP – BASKET GROW ZONE“

март 23, 2026
1 минути

За време на викендот Кочани беше дел од кошаркарскиот камп насловен како „Weekend Camp – Basket Grow Zone“ кој под менторство на Саша Димитријевиќ Координатор на проектот и неговиот асистент Бранко Крстевски, се одржа во Спортската сала „Кочански Ангели“, во кругот на ООУ „Никола Карев“ во Кочани.

„Weekend Camp – Basket Grow Zone е национален едукативно-спортски проект за деца од 8 до 14 години, кој секој викенд патува во различен град низ Македонија. Нашата мисија е едноставна, но важна: секое дете да има еднаков пристап до квалитетна спортска едукација, без разлика каде живее и какви се финансиските можности на семејството“ беше изјавата на саша Димитријевиќ, Координатор на проектот.

„Овој викенд потврдивме зошто овој проект не е „само камп“. Покрај модерен тренинг базиран на спортска наука и принципот развој пред резултат, фокусот беше ставен и на она што најчесто недостасува во работата со деца – менталниот и личниот раст. Реакциите беа искрени и силни – децата беа охрабрени, мотивирани и изненадени колку едноставно може да започне промената кога ќе се работи на умот, не само на телото“ продолжи Димитријевиќ.

За крај Саша Димитијевиќ  порача „Basket Grow Zone останува место каде децата не се тренираат само да победуваат на теренот, туку да растат како личности подготвени за живот. Ова не е викенд активност. Ова е инвестиција во иднината“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ