А НЕКОГАШ ОВА БЕА ДЕРБИ НАТПРЕВАРИ

Во Спорт
март 27, 2026
0 минути

Утре (Сабота) со почеток во 14:30 часот се играат натпреварите од 22. коло во Втора Фудбалска Лига.

Во Кочани се игра комшиското дерби во кое „Осогово“ ја пречекува „Слога 1934“. Овие натпревари навистина некогаш беа вистинско дерби кое привлекуваше и по неколку илјади гледачи без разлика во кој ранг од натпреварување се игра. Моменталната слика не е баш таква бидејќи домаќините котираат на високото седмо место, додека виничани се на претпоследното. Но без разлика на моменталниот пласман овие натпревари секогаш биле полни со возбудувања.

„Жетварите“ се фаворити, но таа улога ќе треба да ја потврдат и на самиот натпревар, бидејќи никогаш не се знае со каква инспирација ќе излезе противникот на теренот.

Вистинското дерби на колото се игра во Штип каде во борбата за највисок пласман „штипските сини“ го пречекуваат „Охрид“,

Двојки за 22.  коло:

Осогово – Слога 1934

Тетекс – Каменица Саса

Новаци – Преспа

Брегалница – Охрид

Вардар (Н) – Скопје

Кожуф – Големо Коњари

Победа – Детонит Плачковица

Шкендија (А) – Беласица

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ