НАДЛЕЖНИТЕ НИКАКО ПОСЛЕ ИНТЕРВЕНЦИИТЕ ДА ЈА ВРАТАТ УЛИЦАТА ВО ПРЕТХОДНАТА СОСТОЈБА

март 29, 2026
0 минути

Повеќе од месец дена стои голем отвор  на улицата „Димитар Влахов“ во Кочани на просторот пред трговскиот центар од блокот А. За овој проблем со кој секојдневно се соочуваат учесниците во сообраќајот објавивме пред дванаесет дена, но од поправка и санирање на улицата ниту трага, ниту глас.

Да потсетиме,  поради некаква интервенција на една од водоводните или канализационите мрежи асфалтот беше ископан, дефектот по неколку дена беше саниран, на ископаниот дел беше вратен ископот на земја и работниците си заминаа.

Асфалтот остана да се санира во некоја друга прилика. Сега од дождовите што паднаа отворот е за некој сантиметар подлабок и навистина е опасност за учесниците во сообраќајот.  Лесно може да се случи некое возило особено во  ноќните часови токму на тој потег да си ги оштети и гумите и бандажот.

Ние ќе ја следиме состојбата и понатака, ќе ги јавно предупредуваме надлежните во општината за опасноста и ќе чекаме кога конечно ќе го решат проблемот, бидејќи навистина е проблем.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ