После секој циклус на избори Локалната самоуправа се полни со нови вработување и што е најважно сите се вработуваат за да бидат во канцелариите, без некој да се вработи што ќе има задача да појде низ Централното градско подрачје како и на периферијата, да ги скенираат сите недостатоци и да му реферираат на Градоначалникот за да преземе мерки за нивно отстранување.
Но во недостаток на кадар кој треба да си ја заслужи платата за поубав град се грижат нашите сограѓани.
Градот пука по сите шавови, но тоа како никако да не го засега. Ним им се поважни пресовите, приемите на делегации и фотографирањата отколку да се работи на полето за поубав град.
Еве пред малку еден наш сограѓанин кој со години се бори Кочани убаво да изгледа ни испрати фотографија со текст во кој се вели:
„Ах бре кочанчани. До таму ли стигнавте? Да крадете бехатон плочки. По оваа пешачка патека кон м.в. Бавчалук секојдневно поминуваат многу мајки со колички, многу мали деца со велосипеди, многу пензионери и други наши сограѓани. Мисли ли некој дека со тоа што ќе “ќари” 20 Евра треба да ја загрози безбедноста на сите овие луѓе? Што да очекуваме да се случи со ова тажно гратче кога во него живеат вакви мизерни луѓе?“
Повеќе од десет години пишуваме дека на градот како поевтина варијанта му е да почне со поставувањето на камери, отколку со обновување на уништеното но ниту еден градоначалник од 2009 година па наваму не сакаше да го реализира ваквиот предлог.
Со таквиот нивни однос тие ги заштитуваат и нивните гласачи но и гласачите од другата страна, а за сметка на сето тоа губат граѓаните. Буџетот се празни за нешто поскапо отколку да се купи нешто поевтино.
Но таков ни е менталитетот, такви бираме и се ни се рефлектира подоцна.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
