Фотографиите кои се во прилогот на теекстот ни ги испратија жители од улицата „Григор Прличев“ во Кочани кои поради мошне лошата состојба на нивната улица еве се решија на ваков начин да го свртат вниманието на надлежните служби во општината.

Имено како што истакнуваат улицата е во лоша состојба, веќе подолго време по извршени интервенции и копање на улицата истата е оставена на милост на времето.

Дождовите што паѓаат само ја зголемуваат оштетеноста на улицата, асфалтот постепено пропаѓа а и потпорниот ѕид ако не се санира може многу бргу да се сруши.

Изненадени се дека секогаш во изборните кампањи им се ветува дека улицата ќе биде санирана бргу по изборите, но штом тие ќе завршат ветувањата се забораваат, поточно остануваат до наредниот циклус избори.

Не сакаат никакво препукување, туку едноставно бараат позитивна реакција од општината за да може овој сега веќе поголем проблем што побргу се реши.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
