И „БЕЛАСИЦА“ ПОПАТНА СТАНИЦА ЗА РАЗИГРАНОТО „ОСОГОВО“

Во Спорт
април 4, 2026
1 минути

Се одиграа натпреварите од 23-тото коло во Втора Фудбалска Лига. „Осогово“ со добро организирана игра по целиот терен не и дозволи на „Беласица“ да дојде до три бода и да им избега на кочанчани во борбата за петото место на табелата. Во Струмица мрежите мируваа што значи дека и „Беласица“ за „Осогово“ беше една лесна попатна станица. По шесте пролетни победи, денешниот нерешен резултат и само еден пораз „жетварите“ докажаа дека се вистински хит во пролетниот дел од првенството.

По одиграното коло и сигурната победа на „Брегалница“ против „Скопје“ на гостински терен борбата за првото место се разгоре. „Охрид“, „Брегалница“ и „Шкендија“ (А) со по 52 бода продолжуваат во борбата за највисок пласман.

Детонит Плачковица“ и се врати на победите на домашен терен, откако денес вп неизвесен натпревар ја совладаа екипата на „Кожуф“. „Охрид“ и „Шкендија“ (А) немаа проблеми со своите противници , како и  „Каменица Саса“ на гостувањето кај „Преспа“,  а „Слога 1934“ ја забележа првата пролетна победа.

Резултати од 23-тото коло:

Беласица – Осогово  0:0

Шкендија (А) – Тетекс  2:0

Слога 1934 – Победа  4:2

Детонит Плачковица – Кожуф  3:2

Големо Коњари – Вардар (Н)  (се игра во недела)

Скопје – Брегалница  0:1

Охрид – Новаци  3:0

Преспа – Каменица Саса  1:4

Во следното коло „Осогово“ ја пречекува „Шкендија“ од Арачиново.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ