При погодоци и прв бод за девојчињата на „Кочани“ во годинешното првенство во Прва Фудбалска Лига за жени. Бодот е освоен на теренот во „Речица“ каде двете последнопласирани екипи по двете коло го поделија пленот.
Во едно од дерби натпреварите минатогодишниот шампион „Љуботен“ ја декласира екипата на „Ас Јунајтед“ исто како и „рударките“ од Македонска Каменица кои гордо се прошетаа низ „Скопје 2014“ . Екипата на „Тиверија“ се враќа со цел плен од градот под Марковите кули, додека „СЦ Истатов“ не дозволи девојчињата на „Шкендија“ да си заминат од Дојран со кренати глави.
Резултати од 03. коло:
„Речица“ – „Кочани“ 2:2
„Љуботен“ – „Ас Јунајтед“ 5:1
„Деспина“ – „Тиверија“ 0:1
„Скопје 2014“ – „Каменица Саса“ 0:5
„СЦ Истатов“ – „Шкендија“ 4:1
Слободна беше екипата на „Борец“ од Велес.
На табелата со максимален број на освоени бодови се „Љуботен“ и „Каменица Саса“ 9, „Тиверија“, „Сколје 2014“, „Ас Јунајтед“ и „СЦ Истатов“ по 6, „Деспина“ и „Шкендија“ по 3 и „Кочани“ и „Речица“ по 1 освоен бод.
Следното 04 вонредно коло се игра веќе во Вторник а „Кочани“ ќе и биде домаќин на „Деспина“.
С. Ивановски