ПОСТАВУВАЊЕ СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦАТА ШТО ГИ ПОВРЗУВА УЛИЦИТЕ „МАРШАЛ ТИТО“ И „ДИМИТАР ВЛАХОВ“

април 6, 2026
0 минути

Започна поставувањето на сообраќајна сигнализација на малата улица што ги поврзува улиците „Маршал Тито“ и „Димитар Вчахов“.

Обележувањето е во завршна фаза, сообраќајните знаци се донесени и според она шти го дознаваме за ден – два по таа улица ќе може да се одвива сообраќајот.

Малиот паркинг на улицата ќе има обележја за паркирање на возилата за дотур на роба, едно место ќе биде за полициско возила а ќе има паркинг простор и за лицата со хендикеп.

Поврзувањето на улиците „Маршал Тито“ и „Димитар Влахов“ е поради реакциите на учесниците во сообраќајот кои изминатите повеќе од три месеци за да поминат од улицата „Кеј На Револуцијата“ и да стигнат на улицата „Думитар Влахов“ мораа да свртуваат дури на мостот кај „Градскиот Плоштад“.

Реакциите на населението се различни, секој гледа од своја точка, едни го поздравуваат овој потег додека други критикуваат.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ