СМЕТОТ ПОКРАЈ РЕКАТА НЕМА КОЈ ДА ГО СОБЕРЕ

април 12, 2026
0 минути

Вака изгледаат излетничките објекти покрај Кочанска река од „Гоцева шума“ кон Брана „Гратче“.

КЈП „Водовод“ – Кочани го има собрано сиот смет од Хотел „Гратче“ до „Бавчалук“, поточно она што е нивна задача., но како што сме информирани  комуналците кои се ангажирани од Општина Кочани а ова е во нивниот ресор овој пат затаија.

Сепак за овој хаос покрај реката вината треба да се побара и кај излетниците. Оние кои се обиделе да го соберат сметот во кесите требало истиот да го понесат со себе и да го остават во првиот контејнер.

Иако постојано укажуваме на истите пропусти тие во континуитет се повторуваат, што не е добро за никого бидејќи така само продолжуваме да ја загадуваме природата.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ