ПОБЕДОНОСНАТА СЕРИЈА ПРОДОЛЖУВА ?

Во Спорт
април 17, 2026
1 минути

Во Сабота се играат натпреварите од 25-тото коло во Втора Фудбалска Лига.  Во Кочани, на стадионот „Никола Мантов“ „Осогово“ ќе му биде домаќин на „Тетекс“ со реални шанси успешната серија да продолжи. Стручниот штаб и играчите иако се свесни за фаворитската улога сепак најавуваат претпазлива игра бидејќи една мала грешка или деконцентрација може да го сврти натпреварот во обратна насока од очекуваната. Факт е дека „жетварите“ ја играат најдобрата пролет во последните неколку  години за што јасен показател е се поголемиот број гледачи на трибините. Нека и во Сабота трибините се прописно исполнат и на крајот сите да се радуваат на новите три бода кои ќе ја зацврстат позицијата на „Осогово“ во горниот дел од табелата.

Дерби на колото се игра во Радовиш каде домаќините ќе го пречекаат лидерот на табелата, штипска „Брегалница“. Во Виница „Слога 1934“ го дочекува „Вардар“ од Неготино и ја посакува втората последователна победа на домашен терен оваа пролет.

Двојки за 25-тото  коло:

Осогово- Тетекс

Шкендија (А) – Победа

Беласица – Кожуф

Слога 1934 – Вардар

Детонит Плачковица – Брегалница

Големо Коњари – Новаци

Скопје – Каменица Саса

Охрид – Преспа

Натпреварите започнуваат во 15:30 часот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ