КОЧАНИ СЕ ВКЛУЧУВА ВО ПРОЕКТОТ „ВЕШТИНИ“ – КЛУЧОТ НА ЗЕЛЕНАТА ЕКОНОМИЈА

април 17, 2026
0 минути

Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов и претседателката на Здружението „Дијалог“, Јасмина Бошевска, денеска потпишаа меморандум за соработка за проектот „Вештини – клучот на зелената економија“, што го поддржува Амбасадата на Словенија и Министерството за надворешни и европски работи на Словенија.

Во фокусот на проектот се обуки за развој на вештините кај младите за економско и социолошко зајакнување, развој на претприемачките капацитети преку поврзување со природното, традиционалното и културно наследство и во насока на развојот на зелената економија.

Реализацијата на проектот во Кочани ќе биде насочена кон вклучување на млади невработени луѓе и на настрадани во трагедијата во „Пулс“. Учесниците ќе се обучуваат за стекнување вештини поврзани со билки и шумски плодови, дизајн на домашни градини и за едукација за капацитетите на природата.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ