ПУЛСИРАЊЕ ВО РИТАМОТ НА ИДНИТЕ ПРВАЧИЊА „ГОЛЕМИ НАСМЕВКИ ЗА ГОЛЕМИ ПОЧЕТОЦИ“

април 22, 2026
0 минути

Денес во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани училиштето пулсираше во ритамот на идните првачиња.

Настанот беше исполнет со радост, игра и креативни активности, преку кои најмладите имаа можност да го направат своето прво запознавање со училишната средина.

Преку бои, музика и дружење, децата ги создадоа своите први училишни пријателства и добија впечаток дека училиштето е место каде секое дете е важно и прифатено.

Целта на настанот беше да се поттикне љубопитноста, самодовербата и љубовта кон учењето уште од најрана возраст. Идните првачиња денес покажаа дека се подготвени за нови предизвици и за освојување на светот на знаењето. ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани со нетрпение ги очекува во септември, кога ќе го слушнат својот прв училишен ѕвонец и ќе ги започнат своите образовни авантури.

ООУ „Св. Кирил и Методиј“

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ