Изминатата недела во Скопје во спортската сала „Шабан Трстена“ се одржа Државно Првенство во карате за деца на возраст од 10 до 13 години.
Организатор беше Карате Федерацијата на Македонија а учествуваа околу 450 натпреварувачи од над 50 клубови од Македонија.

Ова Државно првенство беше и изборно за состав на Репрезентацијата на Македонија која треба да настапи на Балканското Првенство кое ке се одржи кон крајот на Мај во Р.Турција. Прво пласираните тројца од секоја категорија влегуваат во состав на Репрезентацијата на Македонија

Карате клуб „Партизсн“ од Кочани на ова Државно Првенство настапи со 7 натпреварувачи од кои 4 се закитија со медали и тоа 1 сребрена и 3 бронзени.

Сребрениот медал го освои Стефан Донев во категоријата Кумите 11 години, до 35 килограми, додека освојувачи на бронзените месали се: -Божјидар Трајчев во Кумите 13 години, до 45 килограми, Алексија Данева во Кумите 11 години, +44 килограми и Алексиа Савева во Кумите 13 години, +55 килограми

Сите освојувачи на медали изборија настап на Балканското првенство кое ќе се одржи од 28 – 31 Мај 2026 година во Република Турција.

КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
