Денеска и во текот на наредните пет дена, Општина Кочани и СОУ „Љупчо Сантов“ се домаќини на 26 ученици и 10 наставници од Полска, Шпанија, Турција и Италија, во рамките на проектот „Учење и предавање на природни науки и математика преку ИКТ“, кој се реализира со финансиски средства на Европска програма наменета за развој на образованието ЕРАЗМУС+.
Основната идеја на проектот е да се применат иновативни методи и техники во образовниот процес за учење на наставните предмети математика и хемија, со цел да се промени мислењето на учениците дека темите од овие предмети се тешки за совладување.
На денешниот настан присутен беше и градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, кој ги поздрави присутните, посакувајќи им успешно спроведување на проектот.
Во рамките на проектот ќе се организира и Математичка олимпијада за учениците учесници во проектот.
Општина Кочани