Под покровителство на Општина Кочани, а во организација на Градскиот шаховски клуб „Кочани“ и на Шаховската федерација на Македонија, денеска во хотелот „Национал“ во Кочани се одржа вториот Меѓународен хуманитарен турнир во шах „Играме шах за Кочани“, во знак на сеќавање на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани кој се случи минатата година.

За значењето на шаховскиот турнир свое обраќање имаше Влагој Ситновски – Претседател на ШК „Кочани“ кој воедно турнирот го прогласи и за отворен.

100 шахисти од сите клубови во Македонија, како и од Србија, Швајцарија, Црна Гора и Бугарија играат забрзан шах во 9 кола по швајцарски систем, согласно ФИДЕ-правилата.

Првото место со 7,5 поени го освои Тони Лазов (Алкаклоид) доека второто му припадна на Антон Златков (Гамбит Асеко СЕЕ) исто така со 7,5 поени, но победникот на турнирот беше одредем според Бухолц правилата. Третопласиран е Андреј Сукович (Црна Гора) со 7 освоени поени исто колку што освоија и Андреј Велјановски (Гамбит Асеко СЕЕ) и Филип Михов (Нов Напредок). И за освојувач на третото место се одлучуваше според Бухолц правилата.

Првопласираниот од организаторот на турнирот доби медал и Пехар, додека вториот и третиот добија медали.
Организацијата на турнирот беше оценета како одлична.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
