Градот Ќустендил (Република Бугарија) беше домаќин на 30-тиот Меѓународен меморијален турнир во борење, грчко-римски стил „Васил и Ѓорги Илиеви“.
БК „Спартак“ на турнирот учествуваше со двајца борачи, два тренера и еден судија.

Во мошне силна конкуренција борачите на „Спартак“ освоија трето и петто место. Јован Илиев во категоријата до 65 килограми го освои бронзениот медал додека Даријан Павлев во категоријата до 71 килограм заврши како петти.

Сепак во тимот се задоволни од настапите бидејќи во секоја категорија имаше повеќе од десет натпреварувачи.
Зоран Сребренов и Гоце Ангелов се појавија како тренери додека Игор Христов ја делеше правдата на душекот.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
