Се одиграа натпреварите од 26-тото коло во Втора Фудбалска Лига а според постигнатите резултати неизвесноста за освојување на местото кое водат во Прва лига и местата за во разигрувањето и понатака се неизвесни.

Сепак она што се случи во Прилеп е срам за „градот херој“ а посебно за фудбалските работници на еден од најфудбалските градови од просторите на некогашна Југославија. Денес некогашниот фудбалски миленик на градот и учесник во Европските фудбалски купови „Победа“ ја доживеа својата голгота, „Осогово“ ја понижи младата екипа на „Победа“ совладувајќи ја со 8:1 (4:0).

Секој понатамошен коментар од натпреварот е непотребен.
Стрелец на голот за домаќините беше Стефан Наскоски во 57’, а головите за „Осогово“ ги постигнаа: Филип Димоски 1’31’, Христијан Поп Антоски 11’83’, Алпај Јусуг 34’, Христијан Митревски 75’, Филип Јованов 77’ и марио Симоски 84’.

Резултати нод 26-тото коло:
Победа – Осогово 1:9
Тетекс – Охрид 1:2
Преспа – Скопје 0:2
Каменица Саса – Големо Коњари 1:0
Новаци – Детонит Плачковица 1:1
Брегалница – Слога 1934 4:1
Вардар (Н) – Беласица 1:4
Кожуф – Шкендија (А) 0:1
Во следното коло „Осогово“ го пречекува „Кожуф“.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
