ЌЕ СЕ РЕШАВА ЛИ СООБРАЌАЈНИОТ ХАОС ИЛИ КАТНАТА ГАРАЖА. БЕШЕ САМО ЕДНО „ВЕТУВАЊЕ, ЛУДО РАДУВАЊЕ“?

мај 3, 2026
1 минути

Кога ќе почне да се решава сообраќајниот хаос е прашањето што најчесто се поставува меѓу жителите на Кочани последните четири месеци. Одлуката улиците „Маршал Тито“ и „Кеј на Револуцијата“ да бидат еднонасочни со една коловозна лента а другата за паркирање на возила не ги даде посакуваните резултати. Прашањето не се реши ниту си спојувањето на улиците „Маршал Тито“ и „Димитар Влахов“ со малиот крак од улицата, напротив сега учесниците во сообраќајот истакнуваат дека со ова спојување се скратени околу 30 места за паркирање.

Значи како и да се вртат работите сообраќајниот хаос е последица со немањето простор за паркирање.

Во четири изборни циклуси за Локални избори сите градоначалници ветуваа изградба на таа фамозна катна гаража, но нивните ветувања беа пред изборите додека по нивното завршување тие како и да не се сеќаваат на едно такво ветување.

 

Доста е со манипулации, време е да се седне на маса и да се започне најпрвин со изнаоѓање простор (а го има) за изградба на катна гаража а потоа и да се започне со градежните активности. А до тој почеток на изградба може да се ослободи голем простор за паркирање на некои површини, секако доколку се има желба за таков чекор.

Нека седнат на маса одговорните од Локалната самоуправа заедно со полицијата и нека направат список за тоа колку возила со години нерегистрирани заземаат простор по тротоарите, на паркинзите и секаде каде што им се дало шанса. Приказните дека ги нема сопствениците на тие возила околу  и под кои има израснато трева и дека без нивна согласност не смеат да ги дислоцираат возилото не се точни, за се има решение само ако се сака.

Новиот градоначалник на Општина Кочани кој четврти по ред вети катна гаража мора ветеното да го реализира, Во негова корист е и ветувањето на Премиерот на Република Македонија дека во Кочани ќе се вложат во наредните години сто милини евра од кои барем за една катна гаража ќе има. Слично ветување во предизборието на Парламентарните избори 2024 година даде и Драган Ковачки како носите во ИЕ 3 од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата кој тогаш вети 14 милиони евра во следните четири години.

Значи пари ќе има, само што сега мора под итно да се изнајде една или две локации, да се заврши изградбата  и конечно сообраќајниот хаос да стане минато.

Секое одолговлекување  со изградба на катна гаража  ќе биде јасен сигнал дека со вакви и слични ветувања во секој нареден предизборен циклус граѓаните предвреме ќе бидат изманипулирани.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ