Штабот за заштита и спасување при Општина Кочани и Локалниот совет за превенција утрово одржаа итна седница со единствена точка на дневен ред – заштита и превенција од пожари – со посебен акцент на состојбата со Градската депонија во Кочани.
Градоначалникот на Општина Кочани, кој воедно е командант на Кризниот штаб оцени дека состојбата на Градската депонија е алармантна и е ангажиран максимален капацитет на човечки ресурси и механизација за да се запре пожарот.

На седницата беа донесени следниве заклучоци:
Сите институции на подрачјето на Општина Кочани кои имаат надлежности во делот на превенција и заштита од пожари, координирано и заеднички со сите ресурси што им се стојат на располагање да се вклучат со конкретни активности за превенција и заштита од пожари на подрачје на Општина Кочани;
Задолжително да се активираат заеднички патроли на критичните места на патните правци кон населените места во ридско-планинскиот регион на Општина Кочани, со цел превентивно да дејствуваат сите граѓани што се движат кон овие населени места, со тоа што ќе се делат летоци како укажување на обврските што ги имаат во делот на превенција и заштита од пожари;

Да се бараат начини и финансиски средства за обезбедување специјализиран дрон со термални камери со кои редовно ќе се врши контрола на терените подложни за избивање на пожари;
Во врска со настанатиот пожар на Градската депонија во Општина Кочани под итно да се преземат сите неопходни мерки за ставање под контрола и гасење;

Да се апелира до граѓаните да престанат со палење на стрништата и со други дејствија што предизвикаат пожари бидејќи тоа е казниво со закон;
Редовно да се одржува комуникација со месното население, посебно со претседателите на месните заедници кои можат најбрзо и навремено да известуваат за потенцијалните опасности и појавата на пожари од самото место каде ќе се појават пожари.

Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
