За време на викендот во Охрид се одржа Меѓународниот карате турмир „Охрид Опен 2026“.
Во една мошне силна конкуренција каратистите на „Партизан“ од Кочани настапија со четири натпреварувачи и освоија четири медали, од кои 2 златни и 2 сребрени.

Златните медали ги освоија:
Алексија Данева во категоријата У-12, +44 килограми и
Јован Арсов во категоријата Јуниори +76 килограми
Среброто се најде на градите на:
Јован Арсов во категоријата Кадети +70 килограми и
Стефан Донев во категорија У-12 до 35 килограми.

„Имавме успешен настап на Меѓународниот карате турнир Охрид Опен 2026. Настапивме со четири натпреварува од кои тројца освоија четири медали. Единствено медал не освои Дамјан Арсов од чиј настап и те како сме задоволни. Имаше навистина добар настап но за жал овој пат остана без медал“ беше изјавата на луѓето од Карате Клуб „Партизан“ од Кочани


С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
