ОДРЖАН ПРВИОТ ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ВО СПОРТСКА ГИМНАСТИКА „А“ И „Б“ ЛИГА

Во Спорт
јуни 12, 2023
1 минути

Во саботата и неделата, Битола беше домаќин на Првиот Државен натпревар во спортска гимнастика во „А“ и „Б“ лигата за момчиња и девојчиња.

Екипата на КГС „Кочани“ имаше претставници и во двете категории.

Во саботата девојчињата од КГС „Кочани“ се натпреваруваа само во во „Б“ лигата и освоија:

Ведрана Лазарова – III место, пионерки до 7 години,

Ана Ајтовска – II место, млади јуниорки, и

Тамара Димитрова – III место јуниорки.

 

Во неделата на програмата беа натпреварите во „А“ и „Б“ лигата за момчиња, а гимнастичарите на КГС „Кочани“ освоија:

Павел Анастасов – I место, помлади пионери Б лига,

Максим Петров – III место, помлади пионери А лига,

Матеј Постолов – I место, постари пионери А лига,

Лука Естатиевски – II место, постари пионери А лига,

Мартин Андонов – I место, луниори, А лига,

Димитриј Спасов – III место, сениори А лига,

Воедно, Матеј Постолов го доби признанието за „најдобар постар пионер“ во А лигата за 2022 година.

Освоените награди и признанија се плод на континуираното работење во несомнено најстариот спортски колектив во Кочани.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ