Вработените од Детска ФГрадинка „Павлина Велканова“, објект „Ѕвездички“ кај Усова чешма првиот работен ден по Првомајските празници биле изненадени кога виделе дека жардинјерите останале без штотуку посадените цвеќиња.

Имено, со цел да дворот им биде убав за „денот на Планетата Земја“ дечињата од овој објект заедно со нивните воспитувачи во жардинјерите посадиле цвеќиња..

Десетина дена додека ја посетувале градинката се грижеле за цвеќињата но паузата поради Првомајските празници си го сторила своето. Имено, непознати лица влегле во дворот на објектот и од корен ги изваделе цвеќињата сигурно со цел во своите дворови или терасите да ги посадат.

Значи испаѓа дека што дечињата посадиле некои неранимајковци тоа го украле.
До каде оди совеста, секако доколку ја имаат тие што се решиле на ваков чекор никому од вработените не му е јасно, но факт е дека само со поставување на камери народот ќе се заштити од оваа група на луѓе, нелуѓе.



С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
