Со огромна радост споделуваме прекрасна вест – пристигнаа 170 инвалидски колички, како дел од голема хуманитарна донација за Македонија, која ќе се реализира од нашиот клуб и нашиот партнер GNTC Foundation www.gntcfondi.com
Денес не зборуваме само за донација.
Денес зборуваме за промена на животи.
Овие 170 колички(150 мануелни + 20 акумулаторски – автоматски) не се само помагала – тие се:
= слобода на движење
= достоинство
– нова надеж
* За едни – можност повторно да излезат надвор
* За други – полесен секојдневен живот
* За семејствата – олеснување, сигурност и поддршка

Оваа значајна донација е овозможена од нашите пријатели од GNTC Foundation www.gntcfondi.com од Косово, кои покажуваат дека хуманоста нема граници .
Фондот основан во 2017 година, досега има донирано над 3.000.000 евра, оставајќи силен печат на хуманост и солидарност во регионот.
Голема благодарност до сопствениците на фондот.
Посебна благодарност и до Project HOPE Macedonia
за нивната поддршка во процесот на увоз.

Дистрибуцијата започнува од следната недела согласно реалните потреби на граѓаните и здравствените институции низ цела Македонија – таму каде што е најпотребно.
До денес, нашиот клуб има донирано над 300 инвалидски колички што значи стотици подобрени животи
Ова не се само бројки –
ова се реални приказни, реални луѓе и реална надеж.
– Ќе продолжиме и понатаму, затоа што веруваме:
– Заедно можеме повеќе
– Заедно можеме да направиме вистинска промена

КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
