НУЦК „БЕЛИ МУГРИ“ – КОЧАНИ: ПРЕМИЕРА НА ДЕТСКА ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА

мај 9, 2026
1 минути

Ве поканувамe на премиерата на Детската театарска претстава „Малата принцеза“ во сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани.

Претставата е приказна за принцезата со златен глас, во режија на Сања Гацовска.

Играат членовите на драмското студио:

Маја Станојкова, Андреа Митева, Алекс Дончевски, Ана Тасева, Софија Беличева, Ана Лефкова, Марија Гоцевска, Душица Ѓорѓијевска, Ели Димитрова, Илина Гушкова, Анастасија Димитрова и Софија Ангелов.

Премиерата на претставата е закажана на 11.05.2026 година ( понеделник ) во 18 часот.

На 12 и 13 мај,  во денски термини, претставата ќе се изведе за организирани училишни  посети наменети за деца од прво и второ одделение и за деца од предучилишна возраст.

Билети може да се купат на билетарата во Центарот за култура по цена од 100 денари.

Со почит,

НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ