ЛИЦЕ ЗАРАБОТИЛО КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА „ОШТЕТУВАЊЕ И НЕОВЛАСТЕНО НАВЛЕГУВАЊЕ ВО КОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМ“

мај 9, 2026
0 минути

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ж.А.(50) Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 27.12.2025, пријавениот одзел паричник на едно лице во кој имало пари и лични документи, по што во два наврати со неговата платежна картичка имал неуспешни трансакции од банкомат и една успешна трансакција на бензинска станица. На тој начин на лицето му е причинета вкупна материјална штета од 36.000 денари.

Извештај на МВР

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ