Од следниот Понеделник (18.05.2026 година) започнуваат уписите за учебната 2026/2027 во ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани.
Уписите се однесуваат за:
-За пијано и виолина за ученици кои во учебната 2026/2027 година ќе бидат прво одделение;
-За гитара, хармоника, флејта и народни инструменти (кавал, тамбура и тапан) за ученици кои во учебната 2026/2027 година ќе бидат четврто и петто одделение.
Потребен документ при уписот е приложување на Извод од матична книга на родените (фотокопија).
Уписите ќе траат од 18.05 до 10.06 2026 година, секој работен ден од 10:00 до 15:00 часот во просториите на училиштето (Комплекс АСНОМ).
Телефони за контакт: 070-346-141 и 033-273-207 или на [email protected]

ООМУ „Ристо Јуруков“
Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
