ПРОМОЦИЈА, „ВЕШТИНИ“ – КЛУЧОТ НА ЗЕЛЕНАТА ЕКОНОМИЈА

мај 13, 2026
1 минути

В четврток, 14 мај 2026 г., во 11 ч., во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани ќе бидат презентирани дел од активностите во рамките на проектот „Вештини – клучот на зелената економија“, во чии рамки се спроведуваат обуки за собирачи на билки и шумски плодови и за дизајн на домашни билни градини.

Проектот е поддржан од од Амбасадата на Словенија, Министерството за надворешни и европски работи на Словенија, МРК Дијалог / Центар за истражување на природата и културата NATURE EXPEDITION и Општина Кочани.

На промоцијата ќе присуствуваат градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и амбасадорот на Република Словенија Грегор Прескер.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ