ОДРЖАНИ „ПЛАЗМА СПОРТСКИ ИГРИ ЗА МЛАДИ“

мај 26, 2026
0 минути

Денес Кочани беше центар на младите од регионот,. На стадионот „Никола мантов“ во Кочани повеќе од илјада дечиња од основните училишта во регионот беа дел од Проектот „Плазма – спортски игри за млади“.

По интонирањето на химната на Република Македонија од страна на хорот при ООУ „Никола Карев“ од Кочани, Учесниците ги поздрави Елена Мицковска, Претседател на „Плазма спортски игри за млади“, а Градоначалникот на Општина кочани Влатко Грозданов ги прегласи игрите за отворени.

Младите се натпреваруваа во повеќе спортски дисциплини: баскет 3х3, ракомет, мал фудбал, сите во машка и женска конкуренција, како и народна и атлетика.

Добра организација и пријатно дружење на младите.

Инаку самите „Плазма спортски игри за млади“ во континуитет се одржуваат 30 години.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ