НОВОГОДИШЕН БАЗАР ВО ЈОУГД „ПАВЛИНА ВЕЛЈАНОВА“ – КОЧАНИ – ОБЈЕКТ „ЅВЕЗДИЧКИ“

декември 30, 2022
1 минути

ЈОУДГ” Павлина Велјанова ” – Објект Ѕвездички, беше  центарот каде се одржа годинешниот „Новогодишен базар“, на кого беа претставени изработки од вештите раце на вработените.

Вработените испратија јасна порака до сите оние кои беа дел од овој настан.

„Им благодариме на сите кои дојдоа, бидејќи Базарот беше посетен од голем број на родители, баби, дедовци и пријатели. Собраните средства ќе бидат наменети за потребите на нашите дечиња. Воедно на сите им ја честитаме Новата година, со желби за среќа, здравје, љубов“ се вели во пораката.

С.  Ивановски